Тетово мака мачи со водоснабдувањето

Решението на проблемот со водата во Тетово беше најавено во 2016 година. Тогаш градоначалничката на Тетово Теута Арифи изјави дека овој проблем конечно е решен. Но, пет години подоцна, граѓаните се соочуваат со недостиг на вода.
„Мислам дека нема да имаме проблем со водата, додека според динамиката што ја имаме на станицата за филтрација, таму работите се одвиваат со соодветна динамика и сметаме дека наскоро на крајот на годината ќе биде завршено. На овој начин, целата оваа приказна ќе биде завршена“, рече Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.
Една година подоцна, станицата за филтрирање беше завршена и беше објавено дека е решено прашањето за вода за пиење во Тетово, дури и со 100 литри повеќе вода во секунда.
„Она што го гледате овде денескa е конечно последната фаза. Откако вчера сe доби овој резултат, системот веднаш беше пуштен во употреба и од синоќа граѓаните на Тетово имаат 50 литри вода во секунда плус и денес 50 литри“, додава Арифи.
Револтот кај граѓаните на Тетово е зголемен особено во последниов период бидејќи, како што велат, среде пандемија, веќе 20 дена немаат редовно вода за пиење.
„Ова е лошо управување. Отчет треба да даде општината. Водоснабдување треба да врши ревизија. Градоначалничката треба да излезе на прес конференција да каже каде е ќорсокакот, а не преку Фејсбук. Морам да им се извини на граѓаните, навршија четири години, пред тоа четири години, осум години власт и повторно проблеми со водата“, вели еден жител на Тетово.
И покрај завршувањето на трасата за водоснабдување во должина од 25 километри, но и изградбата на станица за филтрација, некои населби во Тетово сè уште немаат вода за пиење. Велат дека со децении снабдувањето со вода за пиење се прави само преку овие резервоари, кои честопати се нехигиенски.
„Од 1984 година имаме проблем со вода во Дреновец. Во времето на Југославија имавме проблеми, и сега имаме проблеми со вода“, вели еден жител на Тетово.
Инаку, проблемот со водата во Тетово започна пред две децении. Неколку пати беа издвојувани средства за водоводот, како од Владата, така и од Светска Банка, но, иако поминаа четворица градоначалници со ветување дека ќе се снабдува со вода, Тетово сепак има проблем со недостаток на вода за пиење.
Башким Сулејмани