ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово нема соодветна инфраструктура за лица кои се движат со помагала

Тетово нема соодветна инфраструктура за лица кои се движат со помагала

Лицата со посебни потреби во Тетово се соочуваат со многу потешкотии при извршувањето на секојдневните обврски. Им недостасуваат основни услови. Речиси сите улици, тротоари и институции се непристапни, бидејќи немаат соодветна инфраструктура за оваа категорија граѓани.

Advertisements

Студентот Гадаф Мемеди вели дека движењето со инвалидска количка низ улиците е голем проблем. Дури и малкуте инвестиции, според него, се опасни за употребување.

„Тоа е еден од главните проблеми. Гледате, покрај видливиот дел и она што не се гледа, она од институциите кои велат дека има рампа за нас, но ова е само за колку да се рече, бидејќи тие се опасни затоа што обидувајќи се да се искачиш нагоре, може да се истркалаш наназад и да паднеш. Нешто што ми се случи во болница на ургентен, каде што рампата е нешто скандалозно со голема косина, колку што не можеш да се качиш“, рече Гадаф Мемеди, студент.

Мемеди критикува и дел од граѓаните. Вели дека свеста на некои е толку ниска што ги блокираат и оние неколку места што се достапни за движење.

“Дури и на местата каде што има рампи се случува некој граѓанин или да се паркира или да остави нешто и да го блокира местото и тие многу малку се достапни. Улиците се уште поголем проблем бидејќи освен што немаат рампи, тие се и патишта кои те мамат, бидејќи изгледа дека има рампа, мислиш дека можеш да влезеш, а откако ќе влезеш гледаш на другата страна дека нема рампа, па принудени сме да поминуваме по пат за возила“, додаде тој.

Од здружението на заболени од церебрална парализа велат дека имале многу апели за санирање на состојбите, но добивале само убави зборови.

Од општина Тетово велат дека заедно со Бирото за регионален развој направиле проект, но не бил одобрен. Според првиот човек на општината, се бараат пари од странство за да се обезбеди соодветна инфраструктура за сите граѓани. Во Тетово околу 2.000 лица имаат посебни потреби, од кои повеќето користат инвалидски колички како средство за движење./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button