ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово полно со питачи, некои се и од други држави

„Како и обично пред месецот Рамазан, но и за време на сезоната на пристигнување на иселениците, влезовите и излезите на градовите се полнат на овој начин, со привремени шатори на припадници на ромската заедница, од кои постарата возрасна група или мажите, се занимаваат со собирање на железо, додека децата и жените завршуваат на раскрсница, молејќи за милостина“, изјави новинарот на Алсат, Башким Сулејмани

Advertisements

Се обидовме да ги снимиме, но наидовме на бурна реакција.

Во меѓувреме, крстосниците во Тетово од ден на ден се полнат со питачи, главно жени, но и деца кои питачат до навечер. Има и такви кои доаѓаат од соседните земји. Оваа жена има 65 години, доаѓа од Албанија.

Разговор:

Од каде си мајко?
Од Корча.
Колку долго сте тука? Како преживувате?
Овде сум со години. Живеам под кирија, во стан.
Колку ја плаќате киријата?
Плаќам 110, заедно со струја и вода 150 евра. Сама плаќам за сè. Имам деца во затвор, затоа го правам ова, за да јадат децата.

Тетовската полиција, во соработка со Центарот за социјална работа, презеде акција за испитување на случаи на злоупотреба на деца од страна на нивните родители кои ги принудуваат да бараат милостина на крстосниците.

Фатмир Реџепи, портпарол на тетовската полиција
„Родителите или старателите кои ги запоставуваат своите деца и ги принудуваат да се вклучат во оваа девијантна појава, казната по член 201 од Кривичниот законик е од 5 до 10 години затвор.“

Во недостиг на документи, од СВР велат дека е тешко да се идентификуваат и следат овие лица, за кои постои сомневање дека доаѓаат од источните градови на државата. /Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button