ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР со детали за вчерашната акција против дрога

Разбиена е група од 13 лица за шверц на дрога. Полицијата во вчерашната акцијата спроведена на шест локации во Скопје, Радуша и Арачиново уапсила уште две лица, а едно е во бегство. Организираната криминална група со месеци била под истрага, а нивното апсење било извршено во неколку фази.

Последни кои завршија со лисици на рацете се две лица на 36 и на 21 година.
„Уапсени се државјаните Ш.И.(36) и Ј.Х.(21), додека по осомничениот С.И.(30) се трага. МВР поднесе кривична пријава поради сомнение за трговија и преработка на наркотици. Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор“, велаат од  МВР

Неофицијално, организираната криминална група оперирала главно во Скопје. /Алсат.мк

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button