ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Циклонот и денеска дивее низ Македонија – ветер, сонце и дожд

Нашата држава и денеска е под влијание на циклонската маса чиј центар е во Медитеранот и Јонското Море. Тоа условува час сончево, час дождливо време.

„Сите се радуваме на доаѓањето на пролетта и на порастот на температурите, но до среда не излегувајте од дома без чадори бидејќи нестабилното време во нашата земја ќе се задржи уште неколку денови“, изјави новинарка на Алсат, Еви Шкопи

Силниот ветер утрово предизвика и штети, откорна покрив од зграда во скопската населба Аеродром. Од Хидрометеоролошкиот завод велат дека иако температурите се релативно високи од 11 до 20 степени, сепак и понатаму ќе дува силен југозападен ветер.

Лошото време ја зафати и Албанија, каде во текот на ноќта патниот правец Елбасан-Либражд беше блокиран од одрони на карпи. Во последните 24 часа пороен дожд падна и во Кукс и неколку други градови каде имаше и отсечени правци. На дел од високите планини во Словенија и Хрватска падна и снег. /Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button