ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово се уште се опоравува од невремето

Тетово се уште се опоравува од невремето

Како последица на невремето, поплавени се хируршкото одделение, одделението за интерни болести како и одделението за радиологија. Раководителот на одделението за радиологија Арѓент Имери за Алсат изјави дека одделението ќе биде затворено уште најмалку една недела, додека не се направи дезинфекција и контрола на рендген апаратите, да се осигура безбедноста и за вработените и за пациентите.

Advertisements

„Ние како сектор не можеме да работиме одредено време, што беше проценето и од сервисерите на опремата. Од безбедносни причини, сите уреди се исклучени до сушење на инсталациите, бидејќи има индиции дека водата навлегла во електричната инсталација, па се уште не знаеме дали имаме некаква штета , но одделението нема да работи најмалку една недела. Презедовме мерки преку мој термин да ги откажеме термините и да ги известиме дека најмалку една недела нема да работи апаратот за томографија и магнетна резонанца и мамографот за дојка“, рече Арѓент Имери- раководител на одделот за радиологија.

Се чини дека најголеми оштетувања претрпе подрумот на хируршкото одделение, каде сè уште се чувствува миризба, додека зад мене се уште се гледаат вода и кал.

„Ја прекинавме посетата на студентите и професорите. Тој дел е изолиран до целосна дезинфекција. Во координација сме и со ЈЗУ за дезинфекција со нивни препарати. Веднаш штом ќе добиеме дозвола од институтот да го ставиме овој дел во функција, ќе ги известиме вработените и студентите дека се е во ред и можат да се вратат“, изјави Несет Камбери- секретар на факултет за медицински науки.

Од друга страна, во општина Тетово е формирана комисија за проценка на штетите предизвикани од невремето и апелираат граѓаните кои имаат да пријават штета, да се обратат до општинската архива за да го пополнат формуларот заедно со потребните документи.

„Оваа комисија прави подготовки да излезе на терен за проценка на причинетата штета. И денеска екипа од општина Тетово ќе се сретне и со претставници на Министерството за земјоделство, во врска со настанатите штети на земјоделските култури“, нагласи Бесарта Рамадани, портпарол на општина Тетово.

Во меѓувреме и денеска продолжија интервенциите на пожарникарите за помош во просториите и домаќинствата за отстранување на водата и калта. Досега извршени се вкупно 71 интервенција од страна на тетовските пожарникари./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button