Тетово – се води ли политика и во градинките?
Тетово - се води ли политика и во градинките?

И покрај постојаните барања на градинката „Ринија“ во Тетово за потреба од десетици вработувања, во оваа институција Министерството за труд и социјална политика, позитивно одговори само за три вработувања.
„Од јуни 2022 година до декември имаме поднесено вкупно 37 барања за вработување, од кои шест се слободни работни места по систематизација, а за 31 само побаравме дозвола за вработување со буџетот на општина Тетово. За 31-то работно место минатата недела поднесовме барање до министерството да бараме согласност само за работните места со буџет обезбеден од општина Тетово. Позитивен одговор добивме само за три вработувања, а одговорот го добивме на 28 декември минатата година дека ние како институција за да го спроведеме конкурсот и да ги известиме работниците сега повторно ќе треба да добиеме согласност од министерството“, изјави Фатлинда Јаја, директорка на градинката „Ринија“- Тетово.
Но, од Министерството за труд велат дека на сите барања на управата на градинката било одговорено позитивно.
„Сите барања кои општина Тетово, поточно градинката Ринија, ги упати до министерството, се одобрени и одговорот е испрате“, велат од Министерство за труд и социјална политика.
Но, првиот човек на советот на Тетово, Бесар Дурмиши, ваквиот чин на Министерството го смета за политички реваншизам.
„Не ја знам причината зошто, но мислам дека тоа е повеќе од политичка причина, а неза да се анализираат потребите на тие деца. Имавме многу јасно барање, сè додека сме законски покриени, министерството дава согласност за тие привремени места, а тие финансиски се покриваат од општината“, изјави Бесар Дурмиши. Претседател на Советот на општина Тетово.
Поради недостиг на кадар и простор, повеќе од 150 деца не може да се пријават во градинката. За околу 31 вработување во тетовските градинки, но и за други вработувања, општината во предлог-буџетот за наредната година предвиде околу 30 милиони денари.
Башким Сулејмани