СВЕТ

„Тој е силен лидер и сите го почитуваат“: Поддршка од Трамп за Орбан пред парламентарните избори

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, денеска го поддржа унгарскиот премиер, Виктор Орбан, во пресрет на парламентарните избори во Унгарија, кои се планирани за пролет.

Трамп му даде „целосна поддршка“ на Орбан и рече:

„Виктор Орбан искрено ја сака својата земја и сака безбедност за својот народ. Тој направи голема и одлична работа во заштитата на Унгарија. Ја запре илегалната миграција, создаде работни места, ја подобри трговијата и треба да продолжи да ја работи својата работа по претстојните избори. Тој е силен лидер и сите го почитуваат. Ја има мојата поддршка за реизбор за премиер“, изјави Трамп, цитиран од Вашингтон пост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button