ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Топланата Скопје-Север бара помош од Владата

Корисниците на парното греење од топланата Скопје Север имаат загарантирано греење за следните три дена. Потоа топлината во нивните домови ќе зависи од тоа, дали државата ќе и помогне финансиски на оваа топлана која е во приватна сопственост. Директорот на топланата Куштрим Рамадани вели дека побарал помош од Владата, од каде му соопштиле дека барањето треба да го упати до ЕСМ, го сторил и тоа, но од државните електрани му соопштиле дека за нив пари нема предвидено, бидејќи Скопје Север е должик на владата од ланската грејна сезона.

„Согласно одлуката на Регулаторна комисија за енергетика, нас ни се признаени трошоци за оваа сезона од 64 милиони денари, а ние со овие цени што ги имаме сега на пазарот кои не зависат од нас, би имале трошок од 120 милиони денари. Сега првенствено ги прашувам министрите од Чаир, оти тука ги има многу, со што и дали ги уценува Васко Ковачевски за да не можат да издејствуваат ништо за овие две општини“, вели Рамадани.

Според неофицијалните информации, владата му се налутила на Рамадани и за одлуката топланата Скопје-Север, прва да испорача топлинска енергија во домовите на своите корисници, иако државните власти не биле известени за тоа. Скопје Север ги запази правилата, и кога утринските температури се спуштија под 12 степени, радијаторите на нивните корисници беа топли. Инаку, освен 500 домаќинства од општините Чаир и Бутел со топлинската енергија од Топлана Скопје Север се затоплуваат и 13 јавни објекти како градинки, училишта и здравствени домови.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button