ЕКОНОМИЈА

Корисниците на парно треба да склучат нови договори со ЕСМ

Граѓаните кои го користеа парното на Бег Енерџи Груп, а од оваа грејна сезона се на мрежата на ЕСМ ќе треба да склучат нов договор со оваа државна фирма. Од ЕСМ информираат дека компанијата има свои правила за снабдување со топлинска енергија, и затоа е потребно да се склучат нови Договор. Потрошувачите на чии име се води парното греење во домот или објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со документ за лична идентификација и фактура или копија за топлинска енергија од претходниот снабдувач. Во Скопје има три пункта, со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 09 до 13:30 часот. Локациите се: Пункт Центар на улица Кочо Рацин бр.33 кај Олимписки базен, Пункт Исток на улица Јане Сандански бр.49-населба Аеродром и Пункт Запад на улица Лондонска бр.8- населба Тафталиџе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button