ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагедија кај Прешево, македонски државјанин застрелал жена, а потоа се самоубил

На наплатната рампа кај Прешево, доцна синоќа, се случило најпрвин обид за убиство, а потоа и самоубиство.

Advertisements

Како што потврдиле за РТС од Вишото јавно обвинителство во Врање, мажот (1972) е македонски државјанин, а девојката е од Србија (1994).

Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија девојката излегла и почнала да бега. Мажот испукал неколку куршуми кон неа, а потоа си пукал во глава.

Напаѓачот им подлегнал на повредите, а жената е пренесена најпрвин во локалната болница во Врање, а потоа итно префрлена на операција во ургентниот центар во Ниш.

Кај неа се констатирани повреди на душникот, белите дробови и вратните пршлени.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button