СПОРТФУДБАЛ

Mеси и Луис Суарез го спасија Интер Мајами од нов пораз

Фудбалерите на Интер од Мајами одиграа 2:2 во Нешвил, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на КОНКАКАФ (Купот е клупско натпреварување на екипи од Северна и Централна Америка и Карибите).

Лионел Меси и соиграчите, во Нешвил, успеаја да останат непоразени и покрај тоа што имаа минус од два гола. Нешвил поведе преку Џејкоб Шафелбург во четвртата минута, а истиот играч го зголеми водството во 47. минута.

Интер брзо одговори, убав гол постигна Лионел Меси во 52. минута од работ на шеснаесетникот. Конечниот резултат го постави Луис Суарез, кој погоди во петтата минута од судиското надополнување, на асистенција на Серхио Бускетс.

Актуелен победник на ова натпреварување е мексиканскиот тим Леон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button