МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Тетово на Денот на независноста, 14 починати во пожар во модуларната болница

На денот на независноста јавноста беше потресена од информацијата за избувнат пожар во Тетово. Гореше ковид модуларна болница, во која беа хоспитализирани 26 пациенти. Пожарот ја пеплоса целата болница за околу 5 минути, а дел од хоспитализираните пациенти успеаја да се извлечат со помош на нивни роднини кои во болницата им беа придружба. Сè се случуваше ноќта во 21 часот. Се кршеа прозорците за да се спаси живот, а 14 лица, од кои 12 ковид пациенти не успеаја да се извлечат. На терен уште ноќта излегоа истражните органи, локални и владини претставници.

Advertisements

Државниот врв најави брза истрага.

„Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност. По нивното добивање на извештаите, ќе излезе тој со свој збирен извештај во кој ќе се види прво што е причината за пожарот“, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Обвинителството дури по два месеца излезе со првична верзија за пожарот во модуларната болница. Извештајот на крим – техника покажа дека пожарот можеби настанал од прегреан продолжен кабел. Меѓутоа, иако германските крим – техничари направија увид на терен уште во септември, нивниот извештај за пожарот сè уште го нема. Тој извештај е клучен во истрагата на обвинителството за тоа дали да отвори кривична постапка. Колку се безбедни модуларните болници испитуваат и од Светската здравствана организација, кои ги проевруваат кислородните боци.

По пожарот оставки си поднесоа директорите на тетовската болница, како и министерот и заменикот, Венко Филипче и Илир Хасани. Оставките не им беа прифаетни, но нивните имиња нема да се најдат на списокот на функционери во новиот владин тим.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button