СВЕТ

Трамп планира кандидатура за претседателските избори во 2024 година

Поранешниот секретар за печат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Шон Спајсер, изјави дека Трамп повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година.

Во неодамнешното интервју за „Washington Examiner“, Спајсер изјави дека апетитот на Трамп за претседателските избори е зголемен во последните неколку месеци, откако виде како претседателот Џозеф Бајден се справува со политичките прашања, на пр. имиграцијате, пренесува Гардијан.

Како прв секретар за печат на Трамп во Белата куќа, Спајсер се соочи со обвинувања дека не ја кажал вистината за време на јавните говори и дека не е веродостоен, а подоцна се оправда со објаснување дека „свесно не ја лаже“ американската јавност, според лондонскиот дневен весник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button