ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Транспаренси Интернешнл-Македонија“: Четири матни настани во март, меѓу кои и за коридорите 8 и 10-д

Анкетата на „Транспаренси Интернешнл-Македонија“, во рамки на проектот „Бистро-Матно“, како „Матни настани за месец март 2023“ година ги издвои: „’ИРД инженеринг‘ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради ’Бехтел и Енка‘“, потоа „Судир на интереси на Агенцијата за филм при распределба на средствата за ланскиот конкурс“. Трет матен настан е „Застарување на судски предмети“ и четврт „Тројцата ексдиректори од случајот „Маѓар телеком“ осудени во отсуство на по 8 години затвор“.

За месец март се издвоени и два бистри настана и тоа: „Обвинителство отвори предмет за надзорот на автопатиштата на ’Бехтел и Енка‘“ и „Службеничка во Општина Кавадарци одбила поткуп од 500 евра“.

Првиот матен настан „’ИРД инженеринг‘ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради ’Бехтел и Енка‘“ се посочува во соопштението дека неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа.

– Меѓународниот конзорциум „ИРД инженеринг“ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Понудата на „ИРД инженеринг“ е во износ од 1.374.304 070 денари (22,35 милиони евра). Неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа, истакнуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button