ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Тренчевска: Потпишани измените на колективниот договор

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на заедничката прес конференција со претставници од СОНК информираше дека колективниот договор, кој меѓудругото значи и зголемување на правата на вработените во детските градинки е потпишан и се очекува да биде донесен до крајот на мај.
„На денешната средба со претставниците од Министерството за труд и социјална политика и претставниците на СОНК, се потпишани измените и дополнувањата на колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси од плати за време на штрајк. До крај на мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки“, рече Тренчевска.