КОШАРКАСПОРТ

Tретпат по ред, Олимпијакос се пласира на фајналфорот на Евролигата

Кошаркарите на Олимпијакос како гости ја совладаа Барселона (63-59) во „мајсторката“ од четвртфиналето и со тоа да се пласира на фајналфорот на Евролигата, што ќе биде трето по ред за овој клуб.

Advertisements

Како важноста на играта да им ги врзуваше рацете на играчите на двата тима, па се забележаа многу малку поени. Во таков натпревар грчкиот клуб подобро се снајде.

Шакил Мекисик беше најефикасен кај победниците со 12 поени, Никола Милутинов забележа дабл-дабл од по 10 поени и скокови. Филип Петрушев го заврши натпреварот со пет поени. На другата страна двоцифрен беше единствениот Николас Лапровитола со 17 поени.

На завршниот турнир уште се најдоа Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button