СПОРТФУДБАЛ

Tри баражи за пополнување на Втората Лига

Последниот чин од македонскиот домашен фудбал денеска ќе го решава со три баражи за пополнување на Втората лига од кои пет клуба ќе бидат дел од второто по ранг натрпеварување, а само еден несреќник ќе биде – третолигаш.

Откако математиките со пропозициите не им се поклопија, најмногу и поради ланското откажување на Ренова од Првата лига, се отвори едно место плус за дополнувањето на второлигашката конкуренција, па наместо еден „лаки лузер“ од трите баражи, ќе има два тима кои со ждрепка ќе бидат одредени кои ќе станат второлигаши, а кој ќе нема среќа да биде дел од новата сезона.

Во Тетово играат Башкими и Влазрими, во Кичево ќе се судрат Вардар Неготино и Новаци, а во скопско Маџари ќе играат Тетекс и Осогово. Мечевите почнуваат во 17 часот, нема да има продолженија ако е нерешено по 90 минути, туку директно ќе се изведуваат пенали.

Победниците сигурно се второлигаши, а поразените ќе чекаат ждрепка. Од трите поразени, два тима со извлекување ќе ја пополнат второлигашката конкуренција во која во идната сезона веќе сигурно ќе играат Скопје, Победа (испаднаа од Прва лига), Пелистер, Детонит Плачковица, Беса, Арсими, Караорман, Беласица, Каменица Саса и Охрид Лихнидос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button