ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три дена жителите на Кондово немаа капка вода во чешмите

Evi Shkopi

Три дена жителите на Кондово немаа капка вода во чешмите. Вода за пиење купуваа, а за најосновните потреби на некои им помагаа соселаните од населбите каде што имало вода. На други не им останало ништо друго, освен да чекаат водоводните екипи да ги санираат дефектите.
Колку дена немате вода? Три дена. Од 8 часот во понеделникот наутро. Добиваме вода од комшијата, затоа што има чешма горе и донесе црево. Тие наполниле, па сега и јас полнам. Цела оваа страна нема вода. Што да правиме, машината за миење садови е полна. Тешко.

Денеска е трет ден. Полниме кај комшиите со шишиња. Многу садови, многу облека. Веќе три дена. Само да знаете колку е полна машината, денеска ја празнев, почна да мириса.

Екипи на Водовод и канализација ја санираа штетата. По извесно време завршија. Откако си заминаа домаќинствата добија вода.

Од „Водовод“ ни рекоа дека им требало повеќе време за да најдат каде е проблемот затоа што мрежата била долга 2 километри, со приклучоци на секои 6 метри.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button