ВЕСТИРЕГИОН

Три опции за формирање влада во Бугарија

Актуелниот ГЕРБ тешко може да формира стабилен кабинет, дури и Бојко Борисов да не е премиер и едноставно да ги „даде“ своите заменици на програмска, експертска, евроатлантска влада – се додека може, максимум до следното локално гласање следната есен. Особено откако „Промената продолжува“ (ПП) на екс премиерот Кирил Петков го одигра првиот шаховски потег – категорично во опозиција, без консултации со претходните коалициски партнери и отфрлајќи ја дури и можноста за генерален парламентарен сојуз со „Демократска Бугарија“ (ДБ).

Категоричното барање на ПП да биде опозиција, кое само по себе е целосно легитимно, во сегашната собраниска конфигурација ја предодредува судбината на 48-от парламент. Не затоа што не доаѓа предвид формирање влада со мандат на ГЕРБ, туку затоа што единствена цел на сите парламентарни партии ќе биде како подобро да се позиционираат за ново гласање.

Шансите за влада

Но, избори во никој случај нема да има веднаш, бидејќи во спротивно речиси сите ќе бидат виновни за нив. Засега се достапни неколку опции за управување.

Првата е ГЕРБ, ДПС и „Бугарски подем“ да коалицираат со помош на неколку пратеници од „Преродба“ што им недостигаат или да формираат малцински кабинет поддржан со променлив кворум.

Втората е некои партии да не изненадат и да излезат со политичка креативност и да  ја прескокнат линијата на поделба, искористувајќи ја надворешнополитичката динамика околу војната во Украина или досега непознатиот размер на економски закани кај нас.

Трето е парламентот да работи барем до Нова година, да се донесе буџетот за 2023 година предложен од официјалниот кабинет, како и некои други итни закони и тие ќе се гласаат со различно тематско мнозинство.

И напролет повторно да се оди на коцка на избори. Во кои ќе има уште помал одѕив на гласачите, или сериозна предност за силите на промените или старотот статус кво, или пак силно казнено гласање што ќе ја лансира „Преродба“ како втора или дури како прва политичка сила.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button