ВЕСТИСВЕТ

Три пукања за една недела во еврејско училиште во Монтреал

На еврејско училиште во Монтреал, Канада, било стрелано со огнено оружје, што според локалните медиуми претставува трет таков напад за помалку од една недела во услови на зголемени тензии во врска со конфликтот во Газа меѓу Израел и Хамас.

„Никој не беше повреден кога рано во неделата беше пукано во фасадата на училиштето ‘Јешива Гедола’ во Монтреал. Траги од куршуми и гранати биле пронајдени откако жителите слушнале пукање“, објави Си-би-си Канада.

Полицијата соопштила дека ги истражува пукотниците кои се случиле и во две еврејски училишта во населбата Кот-де-Ниж откако вработените пријавиле дека пронашле дупки од куршуми на влезните врати.

Не е јасно дали инцидентите во еврејските училишта во западниот крај на градот се поврзани.


 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button