ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Триесетина куќи во Струшко поплавени со фекалии

Со фекалии се поплавени триесетина куќи и дворови во Струга. Поплавата ја предизвика дождот, и нефункционалните канализации. Водата во просториите достигнува и до 20 сантиметри, па жителите се обидуваат со електрични пумпи да ја остстранат.

,,Кога врне дожд секогаш имаме проблеми.Нашите доворови со фекални отпадоци се полнат. Ова доаѓа поради тоа што канализацијата не функционира. Преку цело лето канализацијата не функционираше и шахтите се полнат со фекалии. Смрди, не се седи.Сите фрижидери,други работи и намештај ги кренавме надвор. И неможе да се живее“, вели еден жител на Струга.

„Се наоѓаме на улица Зуфер Мусич.Овде секоја година имаме проблем, со канализаицијата, вода во подрумите,поплави.Неможе да седеме,неможеме водата да ја отстраниме. Ова е нон стоп вака.Се поплавуваат и бавчите“, реагираат стружани.

Некои цела ноќ се обидувале да ја отстрнатат водата од нивните домови.

„До 4 наутро, ќерките ја вадеа водата. Не сум заспана. Многу мириса, од канализацијата излегува…
„Импровизирана патека направив за да влезам дома. Многу пати се имаме обратено, но сѐ е џабе. Фекални води влегуваат во домот“, рекоа анкетираните граѓани.

Во вода после секој поголем дожд плива и улица Партизанска, која пред локалните избори беше реконструирана и која води до излезот на Струга.

„Спротивно на проектната документација на лице место, патот е изграден со двостран наклон, без воопшто да биде изграден одвод.Само за асфалтирање се потрошени околу 300. 000 евра.Веројатно на локалната самоуправа и се брзало тој да биде пуштен во употреба без разлика на квалитетот и долгорочните последици“, вели Ален Деребан, ВМРО-ДПМНЕ, Струга.

Од Општина Струга, не одговорија ниту кога ќе ги санираат пропустите ниту дали ќе се исчисти канализацијата, која според жителите не е исчистена откога е изградена.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button