ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трипуновски: Во вратената зелка од Хрватска, нема пестициди

Благодарение на хрватските власти, граѓаните на Северна Македонија сфатија дека земјоделците во земјава користат опасни пестициди Имидаклоприд, хемикалија забранета и во Европската унија и кај нас. Граничните власти во Хрватска неодамна открија дека пратка зелка од земјата содржи високи концентрации на овие пестициди. Агенцијата за храна и ветеринарство добила известување дека на граничниот премин во Хрватска е уништена зелка. Сепак, според министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, проверките на земјоделскиот инспекторат не утврдиле присуство на пестициди. Тој најави дека е пронајден производителот на таа пратка и извршени се проверки.

Но, колку овие пестициди се опасни по здравјето на луѓето? Според директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, нема докази дека имидаклоприд е канцероген, додека негативните здравствени ефекти зависат од времетраењето и количината што се консумира.

Последниве месеци на пазарот се забележува драстично поскапување на зелката која достигна и до 90 денари за килограм. Граѓаните се жалат дека овој производ сега се смета за луксуз, а трговците го правдаат со тоа дека тешко го обработуваат, особено во зима кога има снежни врнежи.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button