ВЕСТИ

Цели два месеци Владата молчи за потрошените пари на винскиот саем во Белград

Транспарентноста на владата останува само декларативно ветување, но не и реалност. Тоа се чини најдобро се докажува во случајот кога премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката Славица Грковска, ветија отчет и детали за потрошените 400.000 евра во Белград на винскиот саем, но два месеци по завршувањето на овој настан, од власта молчат. Алсат повторно упати прашања до Владата да ги побара сите информации за потрошените пари од граѓаните, но повторно не добивме одговор на прашањата:

Advertisements

1. Ќе биде ли Владата транспарентна и дали ќе ни ги даде информациите што ги бараме веќе два месеца?

2. Дали Владата, премиерот и вицепремиерот сметаат дека е подобро да молчат и да ги кријат податоците за трошењето на 400 илјади евра во Белград, пари од граѓаните?

3. Што се крие од очите на граѓаните?

Додека Владата молчи, еве што на граѓаните им вети премиерот Ковачевски пред еден месец по прашањето на Алсат.

„Можеме да добиеме одговор како новинар, каде се потрошени тие 400 илјади евра и за што точно се потрошени, можеме да го добиеме извештајот, бидејќи тие се пари на граѓаните, додека кога прашуваме, не прашуваме за нас за да ги земеме дома тие извештаи, туку да ги информираме граѓаните каде и како се трошат нивните пари?“

По овој одговор, премиерот сè уште не нè покани да видиме детали за трошоците. Две недели подоцна истото ветување го даде и вицепремиерката Славица Грковска.

Но, поминаа повеќе од две недели, а вицепремиерката Грковска сè уште не одговори ништо. На Винскиот саем што се одржа на почетокот на септември во рамките на иницијативата Отворен Балкан, нашата Влада потроши околу 400.000 евра. Ковачевски цели 4 дена престојуваше во Белград, а со него и голем број други владини претставници.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button