ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Цените на лековите и понатаму растат

Иако од почетокот на месецов беше најавено намалување на цените на лековите, речиси незначен е бројот на оние кои беа намалени за 12 денари. Злоупотребите со цените продолжуваат за позитивната листа. Од Министерството за здравство велат дека по преговори со фармацевтските компании на 15 март била донесена одлука за нови цени на лековите од компаниите за производство и дистрибуција. Според одлуката, компаниите требало да ги приспособат утврдените цени на лековите во трговијата на големо и мало и по усогласувањето, новите намалени цени да важат од 1 април.

Advertisements

 „Вистината за ова е дека цените на лековите од позитивната листа многу малку паднаа. Од енормниот раст од јануари и март, сега нема голема разлика. Намалувањето на цените од позитивната листа е направено на 7 до 10 лекови, но поскапувањето продолжува од домашните фармацевтски производители кои не се покриени од Фондот“, изјави Аулон Рамадани, фармацевт

 Од Фармацевтската комора соопштија дека постои методологија за утврдување на цените на лековите на годишно ниво, која како референца ги зема другите земји со популација и патологии слични на Македонија. Од Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ велат дека нивните инспектори цело време се на терен за да откријат евентуална злоупотреба во 1.200-те аптеки низ земјава. Граѓаните во март купиувале поскапи лекови за 30 отсто од десетиците лекови од позитивната листа. Ова не е прво поскапување годинава, бидејќи во јануари веќе имаше раст од 20 отсто, велат фармацевтите. Според нив, тоа го направиле само фармацевтските производители од нашата земја, додека лековите увезени од странство останале исто во речиси 90% од лековите од позитивната листа. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button