ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Цените на становите се нереално високи

Цените на становите се нереално високи

Доволно е навечер да се погледнат зградите на Скопје, особено во населбите Центар и Водно, за да се види колку станови се изградени, но во нив не живее никој. Последните податоци од пописот покажуваат дека речиси 37% или над 307.000 станови се невеслени. Околу 60.000 од нив се во главниот град. Во последните години, со трендот на зголемување на бројот на градби, бројот на празни станови е уште поголем.

„Во Скопје, најмногу згради без станари има во општина Центарот – 10.865 или повеќе од 40% од вкупниот број, додека Чаир има најмал број – 22,5% од вкупно 17.771 живеалиште. Повеќе од половина од становите се празни во Охрид и Берово, а над 2/3 во Дојран. Но, пописот, исто така, покажа дека во исто време во последните 20 години, бројот на станови е зголемен за 141.031, односно 20%“, велат од Државен завод за статистика.

Во моментов, просечната цена за метар квадратен на нов стан во Скопје се движи од 1000 до 1800 евра, во зависност од локацијата. Ова значи дека за стан од 60 м3 треба да се плати од 60 до 100 илјади евра, што за многумина е недостижно. . Во Македонија, поточно во Скопје, цените на становите во првата половина од годинава се зголемени за 4,7 отсто.
Архитектот Бетим Зеќири вели дека цената за метар квадратен е преценета.

„ Кај нас, сè уште постојат оние стихијни движења кои се базираат на нешто привремено без никаков општ план. Ние сме во духот на балканизацијата„, рече Бетим Зеќири, архитект.

Од здружението на градежници велат дека трошоците не се реални, но се додека има кој да плати, ќе има цени до плафон.

Цените на становите се зголемија во 18 земји-членки на ЕУ за време на периодот на инфлација, и паднаа во 8 од нив. Сепак, регулацијата на пазарот сè уште не се гледа како опција во нашата земја./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button