ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените растат, Владата чека нов закон во Собранието

Власта образложува дека неконтролираното поскапување на прехранбените производи не може да се спречи се додека Собранието не го изгласа предложениот закон за потрошувачите. Министерот за економија Крешник Бектеши апелира до пратениците што поскоро да се изгласа законот. Тој се согласува дека надлежните инспекторати треба да бидат поефикасни на терен и да дејствуваат.

Advertisements

„Без разлика на капацитетот што го поседуваат инспекторатите, тоа е максимумот што можат да го направат во моментов. Затоа, уште еднаш повикувам што поскоро да се изгласа законот за заштита на потрошувачите, бидејќи има дополнителни можности пазарниот инспекторат и другите инспекторати да преземат уште порадикални мерки за оние кои имаат корист од економската, финансиската и економската криза , без разлика дали од производители, мали или големи трговци“, рече Бектеши.

Бектеши додава дека доколку се изгласа Законот за потрошувачи, компаниите кои профитираат од кризата може да бидат казнети, а може да се донесе и одлука за целосно замрзнување на цените на основните производи.

„Точно е дека со утврдувањето на профитната маржа различни компании ги зголемуваат оперативните или производствените трошоци, велејќи дека е зголемена цената на струјата, цената на репро материјалите за производство на финалниот производ, кои се прифатени како пресметка во рамките на оваа одлука. Реков дека кога ќе се изгласа законот, тогаш врз основа на анализата на пазарниот инспекторат веројатно ќе има директно замрзнување на цените на основните производи“, додава Бектеши.

Вчера, министерот за земјоделство Николовски кажа дека не може да гарантира дека ќе ги има сите основни прехранбени производи, а Бектеши денеска кажа дека нема да има недостиг од основна храна во текот на зимата кога се очекува да има поголема енергеткса и економска криза.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button