СПОРТФУДБАЛ

Централен дефанзивец од Сараево пристигна кај Силекс

Централниот дефанзивец, Мухарем Трако e најновото зимско засилување за Силекс за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци и официјално го промовираа 20-годишниот Трако, кој во Силекс пристигнува на позајмица од Сараево до крајот на сезоната.

Босанскиот фудбалер во Силекс доаѓа на барање на новиот тренер на кратовци, Александар Васоски, кој добро ги познава неговите квалитети од времето кога беше шеф на стручниот штаб на Сараево во БиХ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button