СПОРТФУДБАЛ

Гери Линекер: Исфрлете го Израел од сите натпреварувања

Додека целиот свет молчи кога е во прашање каква било казна за Израел, легендарниот Гери Линекер реши да проговори. Имено, тој реши да сподели објава на Твитер во која бара Израел да биде суспендиран од сите фудбалски натпреварувања.

Израелските напади врз Газа траат повеќе од 100 дена, а загинаа над 24.000 Палестинци. Повеќето од нив се жени и деца. Линекер побара од светските „тела“ да заштитат сѐ што е поврзано со спортот во Палестина.

„Фудбалскиот сојуз на Палестина ги повикува Меѓународниот олимписки комитет, ФИФА и сите други тела да се спротивстават на насилството од Израел“, се вели меѓу другото во соопштението.

 

Сето тоа доби голема поддршка од неговите следбеници./makfudbal.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button