РЕГИОН

Цетиње по масакрот: улиците пусти, знамињата на половина копје

Цетиње по масакрот: улиците пусти, знамињата на половина копје

Напладне на државен празник улиците на Цетиње се сѐ уште речиси целосно празни, знамињата се спуштени на половина копје по убиството на 12 лица, а четворица тешко ранети се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица.

Advertisements

Тројца од четворицата ранети се стабилни, но нивните животи сѐ уште се загрозени и не се исклучува можноста за компликации. Четвртиот ранет е во многу тешка состојба по хируршката интервенција, која траеше до утринава, изјави претходно денеска Александар Радовиќ, директор на хрватскиот клинички ценатр.

Како што соопштија од полицијата за „Подгорица вјести“, имињата на убиените, меѓу кои и две деца, нема да бидат соопштени бидејќи, како што наведоа, тоа не е вообичаено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button