ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристичкиот сектор стравува дека оваа година нема да имаме странски туристи

Туристичките работници се жалат дека не добиваат никаква помош и соработка од дел од државните институции. Од Туристичката комора велат дека странските туристи нема од каде да се информираат за Ковид протоколите и состојбата со заразата во земјава. Причина за тоа, според нив, е тоа што на сајтот на Министерството за надворешни работи нема нови податоци веќе неколку месеци, а пак на интернет страната на Министерството за здравство нема опција за англиски јазик, па странците кои би биле заинтересирани за посета на Македонија ќе мора да се информираат од амбасадите.

„Она што натаму изостанува е видливоста на институциите кои треба да ја направат видлива Македонија како туристичка дестинација. Тоа се активностите на Министерството за надворешни работи и континуирано информирање преку Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, но овде податоците се оние старите, од ланската година, не апдејтирани и без видливост на реалната состојба во државата“, рече Даниела Михајловска, Стопанска комора.

Туристичките работници сметаат дека државата мора повеќе да се насочи кон туризмот. Финансиската помош која ја добиле од Владата, се жалат дека била минимална и недоволна. А, слабата државна промоција на земјава во странство, дополнително ги намалува гостите во македонските туристички центри.

„Чартерите од Холандија се сѐ уште неизвесни, а имаме најави дека ќе бидат комплетно откажани. Овие од Полска туристи веќе ги имаме тие се на иницијатива на приватниот сектор со индивидуални напори“, рече Асим Меџедовиќ, Туристичка комора.

Од туристичкиот сектор велат дека е недозволиво на голем број од плажите на охридскиот брег во текот на летната сезона да се вршат градежни работи. Наместо сега да има лежалки, шанкови и сличен декор, на плажите сега туристите гледаат багери и мајстори кои отстрануваат дивоградби, а цела година седеа дома. Туристичките работници дадоа предлог во текот на летото странските гости да добијат бесплатен паркинг на ниво на цела држава.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button