ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристичките агенции ќе протестираат додека Владата не им ги исполни барањата за помош

vcer


Продолжување на субвенционирање на минималната плата, ослободување на давачките кон државата и неповратна месечна финансиска помош за покривање на режиските трошоци. Ова се дел од барањата на туристичките агенции испратени до Владата. Бараат итно да се сменат протоколите за влез во земјава, да нема задолжителен тест и да не се оди во излолација, бидејќи само на тој начин оваа дејност ќе почне да функционира.

„Најлесно за нас ќе биде да се отварат границите без вакви протоколи како што се пуштени низ ЕУ и останатите држави и нормално да почнеме да си работиме, за сами да вадиме пари односно да заработуваме, а не да чекаме помош од државата“, рече Ана Марија Алексова.

И туристичките водичи со апел до државата да бидат дел од мерките за помош, бидејќи досега во ниту една мерка не биле вкучени.

„Она што туристичкиот сектор го очекува во овој момент и она што е непходно е активна меѓународна промоција на земјата како безбедна дестинација, адаптирање на моделот на субвенционирање кон ново настанатите потреби на пазарот и подршка на компаниите од авиосообраќајот“, рече Владимир Граматиков- Претседател Туристичко угостителска комора.

Претставниците на туристичките агенции најавуваат протести доколку државата нема слух за нивните барања. Македонија втор ден е со сите отворени гранични премини каде можат да влезат и излезат домашни и  странски државјани, но под посебни мерки и протоколи. За влез е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и задолжителна самоизолација од 14 дена.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button