ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туристите од Србија и од Црна Гора пристигнаа во Охрид

Српските туристи го запоседнаа Охрид за празничниот викенд. Организирано преку агенции или пак, самостојно дојдоа за Први мај и Велигден. Со црногорците се најбројните странски гости, во отсуство на гостите од Албанија и Бугарија, кои оваа година ги нема. Во угостителските објекти се бара место повеќе, а врие од туристи и низ чаршијата и околните шеталишта. Но, она што Алсат го забележа е дека не сите ги почитуваат мерките за заштита. Многумина не носеа заштитни маски, а има и групирања.

„Од Белград сме. Дојдовме фамилијарно вчера и остануваме четири дена. Знаеме дека има рестриктивни мерки“…

„Една недела ќе останеме. Доаѓаме често овде. Знаеме дека има рестриктивни мерки, и ги почитуваме. Но луѓето поради вакцинацијата се опуштија малку. Се надевам дека нема да имаме проблеми по враќањето“…

„Од Белград сме. Дојдовме во група, повеќе од 50 луѓе. Едвај чекавме да одиме некаде за да ни биде убаво. Не сум била овде 30 години. Не ми сметаат рестриктивните мерки. Јас сум човек кој што не излегува многу навечер и сосема ми одговара до 21 часот“, велат туристите од Србија.

Македонските граѓани најмногу се сместени во станови и куќи.

„Имаме стан овде и често доаѓаме. Евидентно е дека некои не носат маски. Групирањето е повеќе кај младите, а и луѓето после толку време изолирани чувствуваа некаква потреба“, рече еден турист.

Сопствениците на пловни објекти, не се задоволни од остварениот промет. Велат има гужва но нема работа.

„Викендот е продолжен, но како да не е продолжен. Поминуваат, шетаат и само благодарам, благодарам. Популацијата која што беше до 2019 година, последните четири години до тогаш, тоа нема да се врати“, вели сопственик на пловен објект.

Помалите хотели се околу 70‘ исполнети, за разлика од поголемите кои се празни. А, добра исполнетост бележат приватните апартмани.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button