ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туризмот бара финансиска инјекција од Владата

Без итна државна помош, малите бизниси и туристичкиот сектор во Струга и Охрид, тешко дека ќе можат да опстојат во наредните неколку месеци, предупредуваат економските експерти. Според нив, во ситуација кога ги нема странските гости, без финансиска инјекција, тие нема да можат да ја пребродат кризата.

Advertisements

„Во едни вакви услови, кога сепак голем дел од туристичките капацитети и туристичкото стопанство е обременето со бројни долгови, земање кредити, влегување во инвестиции, државата мора уште одреден временски период да биде присутна како поддршка во развојот на туризмот“, вели Јованка Дамоска Секулоска-професор по економски науки.

Дамоска Секулоска вели дека во меѓувреме мора да се помогне и со засилена туристичка промоција надвор од нашите граници. Во меѓувреме, од туристичко-угостителскиот сектор сè уште немаат добиено никаков одговор од Владата, на нивното барање за нов сет мерки. Од Министерството за економија за Алсат велат – барањата ќе се анализираат, но за следната година:

„Имајќи предвид дека сите овие предлози повлекуваат фискални импликации врз Буџетот, укажуваме дека активностите кои се предвидени во програмите на Министерството за економија за 2021 година се при крај со реализација, додека сите овие предлози ќе бидат анализирани и предложени во програмите и мерките за 2022 година“, наведуваат од Министерството за економија.

Како што Алсат веќе објави, тие имаат пет барања: субвенционирање на плати, финансирање на придонеси, субвенционирање на туристичка такса, организирање настани за вакцинирани и помала уплата за музички и авторски права.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button