СПОРТФУДБАЛ

Манчестер ја прекина соработката со Солскјаер

Екипата на Манчестер Јунајтед по слабите резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите реши да ја прекине соработката со тренерот Оле Гунар Солскјаер. Управниот одбор на англискиот тим, реши да го смени норвешкиот тренер, по поразот на „црвените ѓаволи“ од Ватфорд со резултат 4-1. Привремено решение на клупата на Манчестер Јунајтед ќе биде Дарен Флечер, кој ќе го предводи англискиот тим во пресметката со Виљареал во вторник во рамките на Лигата на шампионите. Да потсетиме дека Оле Гунар Солскјер седна на клупата на „црвените ѓаволи“ во 2018 година, не успевајќи да собере ниту еден трофеј иако играше во финалето на Лига Европа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button