РЕГИОН
Турција апелира Косово и Србија да се договорат и за регистарските таблички
Турција апелира Косово и Србија да се договорат и за регистарските таблички

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој е исто така дојден на самитот во Белград, го спомена и дијалогот помеѓу Косово и Србија. Според него, договорот за документите покажува дека двете земји треба да се фокусираат на заедничките интереси, наместо на разликите. Тој апелираше да се дојде до договор и за регистарските таблички на возилата и за други прашања.
„Договорот за личните карти покажува и докажува дека тие треба да се фокусираат на заедничките интереси, наместо на разликите. Турција има отворена комуникација со двете страни и ќе продолжиме да го промовираме дијалогот за да се постигне договор за регистарските таблички и другите преостанати прашања“, рече Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција.