СВЕТ

Турција: Приведени се 300 лица

Турција: Приведени се 300 лица

Турските власти приведоа повеќе од 300 лица на протестите одржани во текот на ноќта во неколку градови кои се одржуваат по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протести се одржаа во десетици градови, вклучително и во Истанбул и во Анкара. Во соопштението се вели дека апсењата се со цел да се спречи „нарушување на јавниот ред“ и се предупредува дека властите нема да толерираат „хаос и провокација“.

Advertisements

Десетици илјади Турци протестираат, претежно мирно, откако Имамоглу беше уапсен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група.

Тој е главен политички ривал на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Партијата на градоначалникот на Истанбул, најголемата опозициска Републиканска народна партија, го осуди неговото апсење како политички мотивирано и ги повика поддржувачите да протестираат легално.

Имамоглу беше уапсен додека неговата партија се подготвуваше да го прогласи за претседателски кандидат во неделата. Партијата ги повика луѓето да гласаат за него во гласачките кутии поставени низ целата земја, како знак на јавен отпор./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button