Проверки на сите угостителски објекти, ќе се одземат 100 лиценци
Проверки на сите угостителски објекти, ќе се одземат 100 лиценци

Државниот пазарен инспекторат во координација со Министерството за внатрешни работи продолжува со вонредните контроли на угостителските објекти. Затворени се два објекта кои не биле во согласност со владината наредба, односно пуштале музиа во деновите на жалост и изречени им се парични казни на сопствениците.
„Во овие контроли вчера е констатирано дека два објекта не ја почитувале владината наредба и работеле. По што се изрешени адекватни мерки и се затворени. Што се однесува до контролите кои беа спроведени во сите објекти кои се со и без лиценца, активностите продолжуваат“, рече Марија Митева – Портпарол на Влада .
Митева додаде дека и од страна на инспекторите на Транспорт и врски, извршени се контроли од кои е констатирано дека околу 100 објекти кои имаат лиценци откако се снабдиле со истите, не ги исполнуваат потребните услови.
„Сакам да ја информирам јавноста за активностите на Министерството за транспорт, каде при досегашните контроли е констатирано одземање на поголем број на лиценци, и тоа околу 100, бидејќи е констатирано дека по давањето на лиценците, правните лица престанале да ги исполнуваат законските обврски врз основа на кои претходно им биле доделени овие лиценци“, додаде Марија Митева – Портпарол на Влада .
Според Владата, интензивните контроли ќе продолжат и во наредните денови./Алсат.мк
Авни Тахири