СПОРТ
Уапсен синот на Мајкл Џордан, поради неколку кривични и прекршочни дела

Синот на легендарниот Мајкл Џордан, Маркус, бил уапсен од полицијата во Оринџ Каунти, САД, поради неколку кривични и прекршочни дела, јавија американските медиуми.
Маркус Џордан бил уапсен поради поседување кокаин, возење под дејство на алкохол, како и поради пружање отпор кон полициските службеници. Тој бил фотографиран за архивска евиденција и пренесен во притворско одделение, од каде треба да биде изведен пред истражен судија.
Повеќе детали за случката не се познати, но се знае дека инцидентот се случил пред неколку дена, а помладиот Џордан заработил и парична казна во висина од 11.000 долари. Маркус Џордан е највозрасниот од петте синови на славниот Мајкл Џордан.