СВЕТ

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

Четири лица кои биле директно вмешани во терористичкиот напад во Москва и уште 7 кои им помагале се уапсени, известува прес-службата на Кремљ.

Во текот на ноќта на руските канали на Телеграм се проширија видеа и фотографии од напаѓачите кои отворија оган врз најмалку 6000 лица кои чекале да започне рок-концерт во салата Крокус во Москва.

Федералната безбедносна служба на Русија го известила Путин дека се пронајдени и приведени најмалку 11 лица вмешани во нападот. Во тек е постапка за откривање и на другите соучесници и нарачателите на нападот.

Осомничените биле уапсени во руската област Брјанск, откако сведоците го идентификувале автомобилот со кој тие заминале од местото на настанот.

Во меѓувреме, жителите на Москва донираат крв за повредените кои се хоспитализирани и им е потребна операција за да преживеат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button