РЕГИОН

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека постои можност земјата да излезе од Советот на Европа и дека приемот на Косово во таа организација де факто претставуваше протерување на Србија.

„Ќе им биде многу, многу непријатно кога ќе ги слушнат сите детали за тоа како ја лажеле Србија за Советот на Европа и сите други приказни. Одете со тоа, а потоа ќе видиме дали Србија сака да остане или не во Советот на Европа.Па да видиме, можеби повеќе ви се допаѓа Приштина во Советот на Европа отколку Белград и Србија“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.

Тој оцени дека тоа е организација која одлучува „за ништо“.

Потсети дека Русија е исфрлена од СЕ, пред Косово да биде ставено на дневен ред, и додава дека влегувањето на Косово е де факто протерување на Србија од таа организација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button