Учебниците со навредлива содржина, наставниците Албанци скептични за разгледувањето

Новите ветувања за корекција на учебниците со навредлива содржина и деформирање на фактите се премногу доцна и смешни бидејќи истите постојат со години и не е најдено решение. Наставникот по историја Насер Мифтари проценува дека сите грешки имаат одредени позадини и цели. Според него, за да се поправат овие грешки, автори Албанци треба да бидат вклучени во составување на новите учебници.
„Ова е резултат на сето она што ние исто така го искажавме отворено и многу често кога политиката го стеснува просторот на науката. Науката треба да го има последниот збор во учебниците, во целиот образовен систем и сите други системи, а не политиката. Авторите на книги на Албански треба да бидат Албанци затоа што напишаната реченица може да го изгуби своето значење за време на преводот“, рече Насер Мифтари, професор по историја, гимназија “Зеф Луш Марку”.
Гани Амети, наставник по географија, исто така смета дека навредливата содржина и деформирањето на фактите во учебниците ги надминала сите граници. Вели дека токму овие грешки имаат влијание врз поттикнување на етнички проблеми. Како што додава, авторите на ваквите текстови треба да се извинат и да сносат одговорност.
„Да не дојдеме до ситуација населението и учениците Македонци да прочитаат нешто што е невистинито и да им влезе во глава дека Албанците се овие или тие. Националните проблеми што се случуваат, настануваат токму од овие невистинити текстови. Министерството, мислам дека сега од она што им се случи на младите од гимназиите кои беа револтирани, ќе го земат во предвид и нема да дојдат до точка каде ќе бидат запалени книгите“, изјави Гани Амети, наставник по географија О.У “7 Март”.
Вчера, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Министерството за образование ветија дека ќе ги поправат сите неправилности и неправди во сите учебници, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно училиште. Но, слични ветувања беа дадени од министри и заменици министри на ДУИ пред многу години. Алсат многупати информираше за бројните грешки, суштински и навредливи во некои учебници во основното образование, како што се географија, историја и општество. Во учебникот по географија за втора година се вели дека Албанците биле Македонци и дека со прифаќањето на исламската религија, станале Албанци.
Мелихате Рустеми