Ученички марш за загинатите ученици од ОУ „Исмаил Ќемали“ во Скопје

Во несреќата 12 од жртвите се деца, меѓу кои 5 ученици од основното училиште Исмаил Ќемаили во Скопје. Во нивно сеќавање, раководството на училиштето и соучениците организираа марш и беа положени цвеќиња на плоштадот Скендербег. (Изјава)
Сочувство до семејствата, потоа учениците, наставниците кои поминаа добри моменти со учениците кои загинаа трагично. Јас немам друг коментар, многу сме тажни од случајот. За едно училиште да се изгубат животи на 5 ученици, тоа е голема трагедија.
Многу сме тажни за трагичната смрт на 45 наши браќа и сестри, на нашите деца. Боже смилувај се на нив и прости им и целата тага направи им ја во радост и задоволство, со твоите големи и посебни награди. Боже оваа трагедија која им се случи ним, награди ги со твоите добрини и со Рај. Боже сета ова тага, замени им ја со спокојство во рајот. Боже многу сме ожалостени, ние што не ни се роднини, а замислете оние кои се нивни семејства.
Ова е голема болка, се надевам Бог да ни даде трпение и спокој, да почнеме со наставата, но вчера и денеска беше многу тешко. Бевме и во посета кај семејствата со децата од училиштето, искажавме сочувство. Болката е голема.
Во сеќавање на овие ученици кои трагично ги загубија животите, сакам да им кажам на моите врсници – болката и плачот ќе бидат присутни и натаму кај нас. Единствено што ги држи живи овие деца се сеќавањата кои нè поврзуваат со нив. Затоа не тагувајте многу бидејќи не се знае крајот. Обидете се да бидеме јаки сите заедно.
Во секое око тече солза и не тече залудно, нашите браќа и сестри денес не се со нас. Разие, наша сестро, Ергин, наш брате, како ве изгоре тој пожар. Одморите се претворија во плач, вашите тела сега се починати. Со голема радост отидовте со надеж дека ќе се вратите добро, но Бог сакаше вие да се вратите кај Него. Почивајте во мир добри луѓе, засекогаш ќе бидете во нашите срца. Разие беше со мене во класот, од второ одделение, беше многу добро девојче, многу љубезна, поминавме многу убаво. Немаше проблеми со никого и ни недостига многу. Секогаш ќе биде во нашите срца.
Имавме многу добри моменти, бевме заедно, се дружевме многу, бевме блиски другари, игравме заедно.