ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ученици и родители се жалат поради искинатите учебници

Од какви учебници учат децата во учебната 2021-2022 година? Додека Алсат беше во основното училиште „7 Март“ во Скопје, учениците ни покажаа искинати книги. Освен тоа, некои ги немаат ниту нив.

„Почнавме да ги земаме книгите, но ситуацијата е катастрофална. Не ги добивме сите, но и оние што ги добивме се искинати, ги немаат сите страници. Повеќе купив отколку што ни даде училиштето“, рече една ученичка.

„Книгата по албански јазик е катастрофа, немаме англиски, ни македонски. Ова ми е учебникот по албански јазик, започнува од деветтата страница, нема девет страници, ниту има корица“, реагираат учениците.

„Македонски, започнува од страница 15 и нема некои листови. Ќе земам книга од мојот пријател која ги има сите страници и ќе направам фотокопија од неа. Немам, немам многу книги. Немам француски, англиски“, додава еден ученик.

Револтирани се и родителите затоа што мора да се изложуваат на нови трошоци.

„Син ми е деветто одделение, сите книги му се искинати. Тие што му ги дале со нив нека учи, немаме пари да купиме нови“, рече еден родител.

Во меѓувреме, интересот за фотокопирање е значително зголемен. За да се комплетира годината за еден ученик требаат околу 2.000 денари.

„Има ученици кои имаат само три добри книги. Некој родител кој сака да го комплетира детето, тие добри книги му ги дава на друг за да го комплетира своето дете со фотокопирани книги. Има многу побарувачка, уште поголема побарувачка за нови оригинални книги, но тие не се продаваат. Ако го земеме на пример седмото одделение кое има најмногу предмети, требаат околу 1.500 до 2000 денари за да ги комплетирате сите книги“, изјави Седат Кока, Сопственик на книжарница.

Најмногу се барата копии на учебниците по албански јазик, македонски, географија, историја, англиски и германски. Недостигот на некои учебници е проблем кој трае веќе една деценија. Министерката за образование, Мила Царовска, ветуваше дека училиштата на време ќе добијат учебници, но се чини дека ова ветување е спротивно со реалната состојба.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button