ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците кои завршат во училиштето „Медреса Иса Бег“ не ќе можат да се запишат на факултет

Учениците кои завршат во училиштето „Медреса Иса Бег“ не ќе можат да се запишат на факултет

Учениците кои ќе завршат средно верско образование нема да можат да се запишат на ниту еден факултет освен на верски и покрај одлуката на претходната Влада која помпезно го промовираше спротивното. Министерката за образование Весна Јаневска за АЛСАТ го појасни застојот создаден кај оваа категорија ученици и нагласи дека и за оваа нова академска година законот е јасен: и покрај идејата за воведување дополнителни предмети и промена на нејзиниот карактер, Медресата не може да се третира и да има ист статус како другите средни училишта или гимназии во државата.

Техничкиот премиер Талат Џафери на 26.03.2024 година со владина одлука соопшти дека е најдено решение за формирање на приватно средно училиште „Медреса Иса Бег“ во скопското село Кондово, акредитирано со статус на редовно средно училиште. Џафери беше фотографиран и со првиот човек на ИВЗ Шаќир Фетаи, кој изрази благодарност за ваквото решение.

„Со овој статус, учениците на Медресата ќе имаат право да се запишат на сите универзитети во земјава и странство. Посебна благодарност до Владата предводена од премиерот Талат Џафери, министерот за образование Јетон Шаќири, Бирото за развој на образованието на чело со директорот Абдулфета Фетаи итн. Честитки до учениците, почитувани медресанти“, велат од ИВЗ.

Тогаш беше нагласено дека потрагата по решенија започнала уште од времето кога самиот Џафери беше претседател на Собранието, формирајќи работна група за правните аспекти на статусот на медресата Иса Бег и нејзината категоризација како редовна гимназија./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button