ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците на распуст, наставниците на работа

Наставниците од основните и средните училишта веќе една недела се на работа и покрај тоа што Министерството за образование и наука го продолжи зимскиот распуст. Целта беше да се штеди парно и струја, но и да се внимава на здравјето на учениците затоа што имаше многу вирусни инфекции. Директорката на ОУ „7 Март“ во Чаир за Алсат изјави дека деновиве се греела само наставничката канцеларија.

Advertisements

„Само канцелариите имаат парно. Училиштето е многу голем објект, месечната сметка за парно е многу висока, но се потрудивме да заштедиме парно и струја со некои намалувања. На училиште сме од 11 јануари.. Воспитувачите си ја вршат својата работа, обично наставниците во училница, а тоа е рутинска подготовка. Работна рутина е на секој почеток на второто полугодие или на почетокот на годината да се прави малку подлабоко чистење“, рече Фиторе Ќирези, директорка на О.У „7 Март“.

Наставниците не се подготвуваат само во училиштата, туку и дома.

„Просветните работници имаат половина од работата подалеку од образовниот процес. Мислите дека има четири часа? Не се четири часа, има повеќе од четири часа, подготовките, работата што се работи надвор од процесот на учење е поголема од она што се прави внатре при наставниот процес“, вели Арбен Ибрахими, наставник.

Министерството за образование пред неколку дена соопшти дека учебната година продолжува на 23 јануари, наместо на 18-тти.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button