ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостители се жалат дека со КОВИД-инспекторите доаѓаат до заби вооружени полицајци

Бројни полициски сили беа забележани во анти-ковид акциите викендов во Куманово. Полициски единици со панцирни елеци и оружје учествуваа во обезбедувањето на пазарните инспектори кои извршија десетици контроли низ целата држава. Некои од угостителите се жалат дека тоа предизвикало страв кај клиентите. Во Куманово викендов беа затворени 4 локали.

Управителот на еден од рестораните ни рече дека нивниот персонал ги проверил влезните потврди за вакцинација, но при увидот на инспекторатот и полицијата, тројца од нив не го покажале истото за да ја избегнат казната за лажна изјава и како резултат на тоа казнета е компанијата која добила и затворање од 10 дена.

„Во нашиот објект имаше клиенти, редарот ги проверил, покажале потврди за вакцинација, но по доаѓањето на инспекторите тие кажале дека немаат вакцина. Немаме право да ја легитимираме автентичноста на документот. Го затворија ресторанот на неколку дена и од тој аспект сме оштетени не само ние како бизнис, туку и 50 семејства и 50 вработени кои работат во нашиот ресторан“, рече Милазим Фазлиу, управител на ресторан „Аркус“ Куманово.

Од дирекцијата на Пазарниот инспекторат велат дека станува збор за правен недостиг затоа што контролорите немаат право да ја проверуваат автентичноста на потврдите. За непочитување на анти-ковид протоколите, како немање потврда за вакцинација или поголем број клиенти од дозволеното, директорката Димовска вели дека не ги казнуваат поединците, а товарот за лажните потврди, доколку полицијата не го констатира на лице место, го носат угостителските објекти со високи казни од илјадници евра.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека покрај затворањето на 7 објекти за време на викендот, во извештајот за последните 6 месеци биле констатирани уште 37 други неправилности за непочитување на анти-ковид мерките.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button