ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителските објекти ќе работат две смени и во недела

Угостителските објекти ќе работат две смени во недела, а не само една како што првично беше најавувано со новите закони за работни односи и трговски друштва. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека на сите вработени кои ќе работат во недела со новиот закон ќе им биде овозможено да добиваат двојно поголема дневница од вообичаената. За работодавачите кои нема да го почитуваат ова правило ќе следува глоба.

„Во Законот за работни односи се предвидени санкции, и дополнително на тоа и Пазарната инспекција согласно Законот за трговија ќе може да врши контроли во дело на исплата на дневници, што не беше случај до овој момент. Имајќи предвид дека таа контрола можеше да ја врши само инспекторатот за труд“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Според предлог законот во недела и натаму ќе работат трговските центри, бензинските станици, трговците поединци, специјализираните продавници и занаетчиските дуќани, кои се наоѓаат во туристичките места. Од Сојузот на синдикати остануваат на став дека со ваквиот закон нема да го добијат ветувањето на вадата дека во недела сите работници ќе добијат загарантиран слободен ден. Инаку, тоа беше и едно од предизборните ветувања на оваа власт. Новите правила за работа во недела се очекува да бидат готови кон крајот на годинава, и од идната 2022 да стапат на сила.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button