ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

УЈП влезе во уште еден голем ланец на маркети

УЈП влезе во уште еден голем ланец на маркети

Управата за јавни приходи влезе во уште еден голем ланец на маркети. Се чешла целата документација и се проверува дали се почитуваат новите правила во трговијата. Доколку инспекторите увидат дека некој трговец не ја почитува одлуката на владата основните прехранбени производи да ги продава без ДДВ, во тој случај ќе заработи соодветна казна. Засега не се открива името на компанијата, но директорката на УЈП Сања Лукаревска во Економски магазин на Алсат потенцираше дека контролите нема да запрат и детално ќе се проверуваат сите трговци.

„Треба да направиме и соодветни анализи за да видиме за колкави објекти станува збор, затоа што сепак секој објект е различен, кај различен даночен обврзник. И мора и тука да го имаме бројот или ресурсите со коишто располагаме во идниот период“, изјави Сања Лукаревска директорка на УЈП.

Во текот на минатата недела УЈП влезе во два поголеми ланци на маркети, но според информациите, се проверувале и месарници, пекари, млечни ресторани и помали продавници, дали ги почитуваат мерките на владата во однос на трговијата. Односно, основните прехранбени производи наместо 5% имаат 0% ДДВ, а тоа се однесува за лебот, шеќерот брашно – тип 400, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата. Досега УЈП на дел од трговците им изрече над 150 парични казни, од неколку стотини, до неколку илјади евра во зависност од големината на маркетот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button