ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими

Поранешните директори на болницата во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, повторно ќе седнат на обвинителна клупа за случајот со опожарувањето на модуларната болница за време на пандемијата, на 8 септември 2021 година, каде 14 лица ги загубија животите. Апелациониот суд во Гостивар делумно ја поништи првостепената пресуда и предметот ќе оди на повторно судење. Од друга страна, Апелација ја потврди ослободителната пресуда за лекарот Бобан Вучевски, кој беше дежурен во критичната ноќ.
Апелациониот суд во Гостивар во решението наведува дека во текот на судењето во Судот во Тетово не е постапено со должно внимание за да можат со сигурност да се утврдат сите релевантни правни факти. Исто така, Апелација додава дека во текот на главниот претрес бил пкрешрен членот 408 од Законот за кривичната постапка, бидејќи судот во Тетово во пресудата не дал објаснување за фактите, одбивањето на предлозите од странките, решавањето на правните прашања, но и за определување на казната.

Advertisements

„Неразјаснувањето на причините за решавачките факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и несоодветна за целосно испитување по нејзината исправност, што со право е посочено во претставките на обвинетиот“, се вели во Решение на Апелационен суд.

Поранешните директори Бесими и Етеми во првата пресуда беа осудени на по 1 и пол година затвор, додека докторот Вучевски беше ослободен од обвиненијата. Болницата е казнета со 1 милион денари.
Тие се обвинети дека не поставиле соодветни средства за заштита од пожари, од друга страна, лекарот Вучевски, кој е ослободен од обвинението, беше обвинет дека „непостапил врз основа на лекарски препораки за време на епидемијата“, односно им дозволил на членови на семејствота да влезат во модуларната болница.

Во август 2023 година, ИРЛ објави документарец во кој откри малверзации со тендерот за изградба на модуларната болница. Исто така, според нив, болницата била изградена со несоодветен материјал и за тоа многу брзо изгорела, додека инсталацијата на струјата била направена со пропусти.
За ова Обвинителството најави истрага, но поминаа осум месеци и се уште нема ништо.
Досега се направени вкупно четири вештачења за да се утврдат причините за пожарот, меѓу кои и едно од германски експерти. Според вештачењето на МВР, причина за пожарот е опожарување на продолжен кабел, од краткиот допир на струја при реанимација на пациент./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button